Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски и во иднина остнаува во Порто, потврди раководството на клубот. Добрите настапи на Македонецот во Лигата на Шампионите за кои доби и номинација за најдобар голман на првенството му донесоа нов двогодишен договор во кои Порто ќе атакува на подобар пласман на европска сцена.
Искусниот голман во својата кариера го носеше дресот и на Еурофарм Пелистер, Вардар, Металург, Бенфика и романска Констанца е дел од португалскиот тим од 2020 година.
Até 2024 💙Nikola Mitrevski renova pelo FC Porto🤾♂️#FCPortoAndebol #FCPortoSports pic.twitter.com/G2gjNR1SYV
— FC Porto (@FCPorto) June 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА