НИКОЛА МИТРЕВСКИ за тоа до кога ќе биде меѓу стативите…: „Воопшто не размислувам за годините, уживам… Само вие новинарите ме прашувате за тоа!“

Македонија и македонскиот ракомет и дефинитивно може да се гордее што во своите редови има име како Никола Митревски. Едно од најславните имиња на македонскиот ракомет, сега и во својата 40-та година е пред уште едно големо натпреварување за Македонија, овој пат Европското првенство 2026 во Данска. Но, и тоа како е „како виното“ – годините ништо не му можат, а квалитетот и натаму еднаков.

Митревски, заедно со својот репрезентативен колега Филип Кузмановски, гостуваше во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ – спортскиот подкаст на ЕКИПА.МК, притоа одговарајќи и на прашањето

Но, ненадминливиот професионалец вели дека не размислува за тоа, а за годините единствено го прашуваат само новинарите…

„Го работам тоа што го сакам. Уживам, без разлика дали се тренинзи, патувања или натпревари. Да, секогаш има лоши тренинзи, лоши натпревари, каде што губиш или некои повреди по кои паѓа мотивацијата, но како на дете кога му купуваш постојано нови играчки, секогаш наоѓаш занимација во тоа… Така да, уживам бидејќи ако на некој му е тешко, ќе се откажи многу порано“ – вели македонскиот голман.

Како е да бидеш најискусен, ќе речам, во една репрезентација? Голем дел од твоите соиграчи од сите тие времиња сега се дел од стручниот штаб, Стоилов, Миркуловски, Лазаров. Уште колку планира Никола Митрески да биде меѓу стативите?

„Брзо поминува времето, како сега пред кратко време да беше кога бев најмлад, а сега ете најстар во репрезентацијата. Но, уживам во играта и не се оптоварувам со тоа. Повеќе вие вака новинарите или луѓето ме прашуваат за годините. Јас воопшто не размислувам за тоа“.

Ти досадуваме ли малку со прашањата за годините ние новинарите? Почнуваме досадни да стануваме…?

„Па да, да“ – низ смеа коментира Митревски.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО НИКОЛА МИТРЕВСКИ И ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА…

Се вчитува...