Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата класа, помагајќи на Џенова да избегне пораз на гостувањето против Удинезе. Македонецот влезе во игра во 59. минута, постигна гол за 2-1, а потоа учествуваше и во акцијата за пеналот по кој Џенова успеа да израмни и да стигне до значаен бод во борбата за опстанок.
Тренерот на Џенова, Давиде Никола, по натпреварот упати пофални зборови за македонскиот голгетер, споредувајќи го со Кристијано Роналдо.
„Горан Пандев е роден шампион, способен да го смени текот на секој натпревар. Тој е за Џенова тоа што е Кристијано Роналдо за Јувентус“, истакна Никола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

