МЗТ Скопје го продолжи ремонтот на играчкиот кадар, официјализирајќи го доаѓањето на новиот плејмејкер во екипата. Како што ЕКИПА вчера најави, нов член на МЗТ од денеска е црногорскиот репрезентативец, Никола Павличевиќ, кој потпиша договор со „металците“ до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Станува збор за плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а кој летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство (ЕП). Претходно има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена. Тој доаѓа на местото на Американецот Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со нашиот клуб и кој нема да биде продолжен. Тој настапи на шест средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока.
Со доаѓањето на Павличевиќ и на Мавра, се поизвесно е и заминувањето на третиот Американец Гарсија, кој исто како и Џенсен и Бејли не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и на управата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА