Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е издвоен како најдобар играч на мечот во вчерашната победа на Левски над Арда од 1-0 во 29. коло од шампионатот на Бугарија.
Исклучително важна победа на Левски во трката за шампионската титула сезонава, извојувана против исклучително тежок противник, во крајно цврст, тежок натпревар.
А, низ сите 90 минути, како најдобар поединец на мечот се издвои токму нашиот Серафимов кој покрај беспрекорноста во одбраната, како клучна фигура за зачувување на мрежата на својот тим, учествуваше и во акцијата во 64. минута за единствениот гол на мечот кој значеше победа за Левски.
Серафимов ја почна акцијата, мајсторски проигрувајќи во нападот на својот тим, за голот на Евертон за 1-0.
Токму затоа и Серафимов е со највисока оценка на вчерашниот натпревар.
Левски сега, непосредно пред плејофот, е со девет бода предност во однос на второпласираниот Лудогорец, на добар пат да ја освои шампионската титула во Бугарија, и прекине доминацијата на Лудогорец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

