Никола Серафимов пред трансфер во Левски Софија

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов во новата сезона ќе има нов предизвик настапувајќи за бугарскиот прволигаш Левски Софија, пренесуваат медиумите кај нашиот источен сосед.

Очекувања се дека македонскиот стопер денеска ќе ги помине медицинските прегледи и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на тимот од главниот град на Бугарија.

Серафимов во Левски пристигнува од редовите на унгарски Фехервар, а претходно настапуваше и за Залаегершег, Академија Пандев и Вардар со тоа што помина и неколку сезони на позајмица во Пелистер и Брегалница.

Се вчитува...