Никола Серафимов во тимот на колото во унгарската лига

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов е избран во тимот на 13. коло во унгарската прва лига.

Тој со неговиот Мол Фехервар стигна до победа на гостувањето кај Хонвед од 0-1, а токму македонскиот дефанзивец беше еден од најзаслужните за победата на својот клуб.

Фехервар во моментов се наоѓа на седмата позиција во унгарската лига.

Се вчитува...