Српскиот центар Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија во победата на Денвер над Мемфис од 142-105 во синоќешниот натпревар во НБА лигата.
Јокиќ имаше неверојатен шут од 11/11 од игра, со погоден единствен шут за три поени, а ги погоди и сите три слободни фрлања. Сето тоа за нов „трипл-дабл“ од 26 поени, 14 скока и 10 асистенции.
На тој начин, Јокиќ стана единствениот играч со Вилт Чембрлен кој дошол до повеќе од еден „трипл-дабл“ без промашен шут од игра. Беше тоа 116-от „трипл-дабл“ за Јокиќ во регуларната сезона по што е четврти во историјата на НБА лигата, со 22 „трипл-дабл“ ефекти помалку од Меџик Џонсон кој е на третото место. Расел Вестбрук е на врвот на листата со 198, а Оскар Робертсон втор со 181.
Јокиќ на мечот одлично го следеа Џамал Мареј со 23 поени и 9 асистенции, како и Пејтон Вотсон со 20 поени и пет скока.
„Никогаш немав видено трипл-дабл пред да почнам да играм со Јокиќ, а сега ги гледам постојано“ – рече Вотсон кој доби шанса во стартната петорка место повредениот Арон Гордон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

