Никола Василев е нов тренер на Тимбервулвс

Поранешниот младински селектор на Македонија, Никола Василев, има нов тренерски ангажман откако потпиша договор со австрискиот клуб Виена тимбервулвс.

Висилев во кариерата водеше клубови од Литванија и од Полска, беше и селектор на М20 и М18 селекциите на Македонија, а потписот за Виена ќе биде негов прв ангажман во австриската кошарка. Виена тимбервулвс се натпреварува во втората лига на оваа земја и моментно има скор од две победи и три порази, на деветтата позиција на табелата, пласман што се очекува што поскоро да се подобри со доаѓањето на македонскиот стратег.

„Возбуден сум и ќест ми е што доаѓам во една ваков одличен колектив. Кошарката ми е голема пасија со години наназад и со нетрепение чекам да почнам, да помогнам овие млади луѓе да растат, не само како играчи туку и какo луѓе и да прераснат во комплетни личности“, изјави Василев по потписот на договорот со новиот клуб.

Се вчитува...