Никола Василев се раздели со полската Арка

Македонскиот кошаркарски стратег Никола Василев се раздели со полскиот суперлигаш Арка.

Тимот од Гдиња се одлучи да ја прекине соработката со македонскиот тренер по серијата од четири едноподруго порази, по која Арка се најде на претпоследната позиција на табелата. Па, на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната заврши и соработката меѓу двете страни.

Василев ја водеше Арка на 22 натпревари сезонава со биланс од осум победи и 14 порази.

Претходно полскиот шампионат го напушти и Александар Јончевски.

Се вчитува...