Напаѓачот на Лил, Николас Пепе, е најблиску до потпис со германскиот првак Баерн Минхен, откри неговиот агент. Преговорите се во тек, а за одличниот крилен напаѓач постои огромен интерес и од Арсенал, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Челси, ПСЖ, Интер…
„Водиме преговори со неколку клубови и се уште не сме ја донеле одлуката, но во моментот фаворит за неговиот потпис е Баерн Минхен. Сепак, не би ги исклучил и другите клубови кои покажуваат огромен интерес“, изјави агентот Самит Кјат во интерју за „РТЛ“.
Николас Пепе во германските медиуми веќе се најавува како наследник на Арјен Робен. Трансферот треба да изнесува околу 70 милиони евра. Тој оваа сезона постигна 19 гола и забележа 11 асистенции во дресот на Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА