Николато: Одигравме многу подобар меч отколку со Ерменија, но Македонија има одлични напаѓачи

ЕКИПА во Рига, Летонија

Владимир Булатовиќ

Селекторот на Летонија, Паоло Николато не можеше да биде задоволен од убедливиот пораз на неговата селекција на дуелот со Македонија.

На прес-конференцијата по мечот нагласи дека пресудиле одличните напаѓачи на Македонија и покрај квалитетната игра на неговиот тим.

„Македонија има одлични напаѓачи и вечерва тоа го покажа. Тие пресудија. Нашиот натпревар против Ерменија не беше на нивото на вечерашниот. Денеска одигравме поквалитетно а загубивме убедливо од една силна, мудра селекција која знаеше што сака. Малку ми е тешко да ги споредувам двете репрезентација и мислам дека в недела во Ереван ќе има изедначен натпревар меѓу Ерменија и Македонија“ – Паоло Николато.

Се вчитува...