Македонската репрезентација дојде до четвртата победа по ред во групата во Лигата на Нации, и го обезбеди првото место во групата, и пласман во Б сегментот. Ако имаше некакви дилеми пред овој меч, тогаш сите беа отстранети, и не само што не загубија со голема разлика, туку остварија нова победа со чиста мрежа.
Селекторот на репрезентацијата на Летонија, Паоло Николато по мечот изјави дека е задоволен од перформансот на неговиот играчи.
„Дефинитивно сум разочаран за моите фудбалери бидејќи во овие Лига на нации бевме во игра на сите мечеви. Одигравме добар меч игравме против многу добар тим и за нас е важно бидејќи добро се покажавме на овој меч. За мене најважен е нашиот перформанс и задоволен сум од тоа“, изјави Николато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА