Македонскиот фудбалски репрезентативец Николче Новески на спектакуларен начин, со ревијален натпревар на „Опел Арена“ во Мајнц, и дефинитивно му кажа збогум на фудбалот. Тој во 2016 година се откажа од активно играње професионален фудбал, а денеска организираше одличен меч меѓу тимот на Мајнц, кој го предводеше Јирген Клоп, и тимот на „другарите на Николче“. Пред повеќе од 13.000 гледачи, во едно вистинско фудбалско шоу, при што Новески беше стрелец на два гола, победа славеше тимот на Мајнц со 8-5.
Но, резултатот беше најмалку важен на овој спектакл, туку благодарноста што фановите на Мајнц, како и самиот клуб, му ја укажаа на фудбалерот кој преку 300 пато го носеше дресот на Мајнц, и беше нивен капитен. „Благодариме Николче“, скандираа фановите, а нивниот легендарен фудбалер засекогаш ќе им остане во сеќавање…
[new_royalslider id=”753″]
¡Nos quitamos el sombrero! ¡Por siempre gracias capitán! ? #Mainz05 #NikolceAndFriends pic.twitter.com/0cR3JYdiSU
— Mainz 05 Español (@mainz05_es) September 2, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА