Николче Шаркоски е ново засилување на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со составувањето на ростерот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига во која влегува со големи амбиции.

Откако во тимот се придружи легендарниот Горан Петрески познат како „Чунга лунга“, денеска „црвено-црните“ објавија и ново засилување.

Се работи за Николче Шаркоски кој во Вардар доаѓа од редовите на Воска. Шаркоски покрај за Воска во кариерата играше и за Работнички, Брера и Победа.

Се вчитува...