Николиќ: Ако играме како против Цедевита, МЗТ Скопје може да слави и против Морнар во Бар

МЗТ Скопје со зголемен оптимизам и далеку подобра атмосфера отпатува за Црна Гора, каде македонскиот првак утре ќе му гостува на Морнар во новиот предизик во АБА-лигата.

Победата на домашен терен над Цедевита Олимпија ја крена самодовербата кај тренерот Драган Николиќ и неговите избраници, кои ќе мора да повторат слично издание и на гостински терен, ако сакаат да стигнат до првата овосезонска победа надвор од Скопје.

„Во Бар одиме со оптимизам и зголемена саодоверба, но без еуфорија бидејќи не ги забораваме претходните лоши партии, особено на гостински терен. МЗТ е единствен без победа на теренот на некој од противниците и ако сакаме опстанок во АБа ова мора драстично да се промени, секако во наша корист. Очекувам подобра игра на моите кошаркари, кои се надевам дека ќе го задржат квалитетот и нивото на енергија од средбата против Цедевита. Ако го сторат тоа, ќе имаме шанси да се радуваме по пресметката крај Јадранското Море“, изјави Николиќ.

Се вчитува...