МЗТ Скопје вчера се раздели со досегашниот тренер Драган Николиќ откако доби десет натпревари суспензија поради инцидентот на првиот четвртфинален дуел со Кожув во плејофот за шампионската титула.
Николиќ по заминувањето од клубот почувствува потреба да се збогува со луѓето со кои најблиску соработуваше изминативе месеци, како и со навивачите, истакнувајќи дека секогаш ќе го почитува клубот…
„По изречената казна, единствено рационално решение беше договорен прекин на соработката. Патиштата ни се разидоа, но останува мојата голема почит и благодарност за луѓето со кои најблиску соработував изминатиот период, како градоначалникот на општина Аеродром, извршниот директор на клубот, луѓето од стручниот штаб, кошаркарите и луѓето вработени во клупската канцеларија. Посебно ги издвојувам навивачите, на кои им посакувам во најскоро време да ја дочекаат и да ја прослават нашата десетта шампионска титула“ – вели Николиќ во изјавата за збогум од Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

