Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Душко Николиќ ги избра 24 одбојкари на кои ќе смета на Европското првенство.
Селекторот Душко Николиќ, кој го наследи Никола Матијашевиќ по периодот во којшто ја имаше улогата на негов асистент, одреди список со 24 одбојкари, меѓу нив четворица со статус резерви. Изборот е вообичаен со напомена дека во споредба со неуспешниот настап во Европската сребрена лига, како и со неколку претходни аккции, повратници во составот се Марјан Урдов и Марко Јуниор Стошиќ.
Групата во финскиот град Тампере е силен предизвик за македонските одбојкари кои што пред две години во Љубљана славеа две победи, но не играа осминафинале, а во јануарскиот квалификациски циклус успеаја да го најдат патот до континенталното друштво. Првиот собир е в недела (11 јуни) во Маврово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА