Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утревечер (20 часот) ја отвора новата сезона во АБА – лигата, а на премиерата во „Јане Сандански“ гостува реномираниот Партизан. Тренерот Мирослав Николиќ вели дека очекува неизвесен меч, респектирајќи ги максимално „металците“.
„За нас натпреварот од првото коло е многу важен, почнува ново натпреварување. Не сме подготвени стопроцентно, ќе биде тешко и неизвесно, и очекувам да решава една топка. Мислам дека Партизан има состав кој може да победува во оваа лига, но сепак се плашам затоа што не успеавме доволно да се воиграме низ текот на подготовките. Имаме уште простор за напредок, но и покрај тоа очекувам победа“, вели тренерот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА