Карпош соколи вечерва во Подгорица го претрпе најубедливиот пораз откако Драган Николиќ седна на клупата на македонскиот клуб, па српскиот стратег оправдано не беше премногу расположен за коментари на прес-конференцијата по дебаклот од Будуќност (95-61).
„Не ми е многу до зборување, но ете, морам и нешто да кажам. Пред се честитки до Будуќност з заслужената победа, сигурно беа силно мотивирани по поразот во Скопје, а ние не реагиравме најдобро. Не можеш да играш против фаворит и да направиш само 19 пенали на натпревар. Клупата на Будуќност постигна 56 поени, а нашите резервни играчи само четири. Сите завршници на четвртините ги одигравме многу лошо, но овој меч беше одлучен веќе во првиот период. Вечерва сум посебно незадоволен од енергијата на моите играчи, особено во првата четвртина“ – изјави Николиќ.
Останува да се види колку српскиот стратег ќе успее да го „крене“ својот тим пред следната пресметка против шампионот Црвена звезда, меч на кој Карпош соколи ќе се обиде да ја продолжи серијата победи на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА