Кошаркарите на МЗТ Скопје се наоѓаат пред уште еден голем предизвик во АБА лигата. Овој пат македонскиот шампион го очекува гостување во Белград против евролигашот Партизан во натпревар кој ќе биде одиграни денеска со почеток од 18 часот.
Тренерот на аеродромци, Драган Николиќ во суперлатив говореше за белградските „црно-бели“ за кои вели дека се апсолутен фаворит на денешната средба.
„Играме против уште еден евролигаш кој сезонава е непобедлив на домашен терен во АБА и кој исто како и нашиот претходен ривал има сериозни амбиции да влезе во плејофот на Евролигата и да ја освои титулата во регионот. Згора на тоа, формата на Партизан е во нагорна линијата што најдобро можеше да се види на неколкуте последни средби на домашен терен против Цибона, Задар и Монако, кои „црно-белите“ ги добија ептен убедливо. Според ова јасно е дека не чека уште еден исклучително тежок дуел против еден од најдобрите европски тимови предводен од најтрофејниот тренер во историјата. Изминатата недела ја искористивме добро да истренираме, а се засиливме со Кук и Абу кои верувам добро ќе се вклопат и ќе дадат свој придонес кон остварувањето на заедничката цел, а тоа е опстанок во АБА“, вели Николиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА