Тренерот на Карпош соколи, Драган Николиќ е пресреќен што му се исполни желбата да се игра мајсторка во оваа финална серија. Вториот триумф на Карпош против МЗТ во салата „Борис Трајковски“ во овие доигрувања, го задоволи Никоиќ бидејќи посакуваше да остане во Скопје неколку дена повеќе, а сега мајсторката која ќе се одигра за три дена е најважната причина за тоа.
„Среќен сум што ми се исполни желбата, да се одигра мајсторка во ова финале, да останам неколку дена повеќе во Скопје. Моите предвидувања обично се остваруваат, јас претходно истакнав дека овие пресметки ќе бидат исклучително тешки и неизвесни, мило ми е што сум во право. Македонија заслужува вакво квалитетно финале, со досега четири фантастични пресметки, неспорно е дека и петтата ќе биде исто така неизвесна. Не можам да се сетам кога последен пат имало волку квалитетно финале. Вечерва Давид го победи Голијат, уште една многу важна победа за нас. Ако покрај два македонски Голијати постојат повеќе Давиди, ќе има уште подобра кошарка во Македонија. На ова првенство му посакувам да има што повеќе клубови кои можат да израснат во великани како Карпош соколи. Нормално е да има толку многу падови во играта, ова е веќе четврта средба за осум дена, па нормално да има падови кај двете екипи. Во сите четири пресметки имаше премногу „ап ен даун“ фази, и кај нас и кај МЗТ. Кој подобро ќе се соочи со проблемот, ќе помине подобро. Можеби не контролиравме како во мечот број 2, се помачивме повеќе од што треба, но кога со ваков ритам се играат сите натпревари, тоа е нормално и неочекувано“ – изјави Николиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА