Во текот на целото лето Николо Заниоло беше една од најголемите ѕвезди на преодниот рок, сепак сега постојат сите шанси Николо да остане во Рома. Талентираниот 23-годишен напаѓач беше поврзуван со трансфер во Јувентус и Тотенхем, но тоа не се оствари.
Жозе Мурињо, тренерот на Рома, истакна дека Заниоло е важен дел од тимот и дека би сакал да остане во редовите на „Волчицата“. Николо го постигна единствениот гол во победата на Рома против Феенорд во финалето на Конференциската лига и ги предводеше „Римјаните“ до првиот европски трофеј во историјата.
Сега двете страни седнаа на маса и според информациите од Италија се блиску до договор. Се очекува соработката да биде обновена до 2027 година. Минатата сезона, на 42 натпревари, Заниоло постигна осум гола и запиша девет асистенции.
TMW – Roma-Zaniolo, dopo il mercato nuovi contatti per il rinnovo: la situazione https://t.co/qkGOXihk28
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) August 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА