Николов го постигна својот прв гол во дресот на Видеотон

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го постигна својот прв гол во дресот на унгарскиот прволигаш Видеотон.

Во својот шестти натпревар за Видетон по пристигнувањето зимава, во 25. коло од Првата лига на Унгарија, Николов стрелаше во 35. минута за водство на својот тим од 0-1 на гостувањето против Хонвед. Токму со погодокот на македонскиот фудбалер Видетон има минимална предност на полувремето.

Доколку стигне до триумф, Видеотон со 54 бода ќе се израмни на врвот од табелата со Ференцварош продолжувајќи ја битката за шампионската титула.

Се вчитува...