Македонската фудбалска репрезентација има водство од 0-1 против Лихтенштајн по првото полувреме на квалификацискиот меч што се игра во Вадуз. Бобан Николов успеа да ја затресе мрежата на домаќинот во 43.минута од средбата.Веќе во шестата минута, Македонија ја имаше првата сериозна шанса. Пандев одигра двојно со Николов, влезе во шеснаесетникот од левата страна, шутираше, но голманот на Лихтенштајн, Петер Јеле успеа да одбрани.Во 25.минута, Стефан Спировски доби топка на 16 метри, но шутираше крај дирекот од противничкиот гол. Три минути подоцна, Бесарт Ибраими се обиде од слободен ударод 30 метри, но беше многу непрецизен.Во 35.минута, Пандев уште еднаш добро проигра двојно, но топката не стигна повторно до него, туку до голманот Јеле.И конечно, гол. Во 43.минута, Бобан Николов ја погоди мрежата на Лихтенштајн. Долго се плетеше мрежата пред голот на Јеле, на крајот Тричковски центрираше од левата страна, а Бобан Николов зафати волеј од пеналтикот и погоди на вистинското место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА