Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја имаат првата своја задача на европското ракометно првенство кое од 10. јануари се одржува во Германија.
Македонскиот тандем денеска ќе се најде на центарот на натпреварот од групата Д во кој ќе се сретнат репрезентации на Словенија и Полска. Дуелот кој ќе се игра во „Мерцедес бенц“ арената во Берлин е закажан со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

