Николов и Велковски се „проблематични“ пред Португалија

ЕКИПА во Гдиња, 

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, најави дека ќе има неколку промени во составот за утрешниот меч (20.45 часот) против Португалија, трет во групата Б на Европското првенство во Полска. Дел од нив од тактички причини, но и затоа што одредени фудбалери се жалат на повреди. „Проблематични“ се Бобан Николов и Дарко Велковски.

„Ќе има промени во составот, тоа е сигурно. Но, морам да признам дека ќе треба утре, во пресрет на натпреварот со Португалија да се консултирам и со медицинскиот тим. „Проблематични“ се Бобан Николов и Дарко Велковски“, истакна селекторот Милевски.

Николов се здоби со повреда на палецот на левата нога по дуел со еден српски фудбалер, а на силен удар се жали и Дарко Велковски.

 

Се вчитува...