Македонија оствари триумф (3-1) над Летонија и победнички го отвори новиот квалификациски циклус за ЕВРО 2020. Убавите приказни од Лигата на нации продолжуваат и во новите квалификации. Среќен е поради тоа Бобан Николов, вели дека полека и публиката се враќа на трибините.
„Среќни сме поради триумфот. Мислам дека апсолутно го заслуживме, доминиравме во првото полувреме и можеби требаше да постигнеме и уште некој гол. На крајот малку ја закомпликувавме работата, но сепак дојдовме до посакуваната победа. На вистински начин го одбележавме и јубилејот на капитенот Горан Пандев. Можеме многу во овие квалификации, веруваме во тоа. Посебно ми е драго што играме допадлив фудбал и публиката тоа го чувствува, па полека и се враќа на трибините. Сега ќе се насочиме на следниот натпревар против Словенија, сакаме и во Љубљана да оствариме позитивен резултат“, изјави Бобан Николов.
Мечот од второто коло во квалификациите за ЕП 2020, Македонија ќе го одигра в недела против Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА