Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија вечерва на домашен терен ќе го пречека романскиот ФЦСБ во првиот натпревар од двомечот од 2. коло во квалификациите во Лигата на шампионите.
Пред овој меч за романските медиуми говореше поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов кој своевремено ги бранеше боите на ФЦСБ.
„Убаво е да видам познати лица, навистина сум среќен бидејќи играв со некои од нив кои и денес се во клубот. Ми недостасува Романија, таму поминав шест години и секогаш кога имав можност, доаѓав. Имам многу пријатели со кои постојано сум во контакт.
Им посакувам успех на натпреварот со Шкендија, мислам дека ќе победат. Иако Шкендија е македонски клуб, јас навивам за мојот поранешен тим и вечерва ќе бидам на стадион за да навивам за него. Шкендија е добра, но ФЦСБ е ниво погоре и ако играат како минатата сезона, сигурно ќе поминат понатаму. Искрено, јас не ја гледам многу Шкендија бидејќи сум навивач на Вардар. Шкендија е од Тетово и нивниот стадион се уште е во фаза на изградба, па затоа играат во Скопје. Очекувам на натпреварот да има околу 3-4.000 нивни навивачи“, порача Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

