Фудбалерот од средниот ред на унгарскиот Мол Види, Бобан Николов оптимистички е расположен пред последните два натпревари од Лигата на нациите преку Македонија очекува потврдување на првото место во групата.
Македонската репрезентација вчера во швајцарски Фусисберг, кој се наоѓа на околу 50 километри од Вадуц, ги почна подготовките за дуелот со Лихтенштајн в петок, 16. ноември. Николов верува дека националниот тим ќе пружи далеку подобро издание од она последното во Ерменија и ќе освои три бода во Лихтенштајн…
„Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на предходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни“ – изјави Бобан Николов по вчерашниот прв тренинг на репрезентацијата во Фусисберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

