Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред заминување од Стеауа откако не се најде ниту на клупата на мечот со Херманштад во романското првенство одигран пред три дена.
Романските медиуми откриваат дека Николов е целосно незадоволен од ситуацијата во клубот, од неговиот статус и наводно побарал заминување. Наводно во разговор со новиот тренер Михаи Пинтили му ја соопштил ситуацијата и побарал од него поголема минутажа, во спротивно да замине во Шпанија, каде имал понуда од второлигаш.
Меѓутоа Пинтили му сооштил дека го смета за важен играч во составот, и дека ќе игра во следниот период. Тоа не се случило, а чашата се прелила на дуелот со Херманштад со што Николов сега е блиску да замине и да продолжи во Шпанија, од каде што има понуда да ја продолжи кариерата.
Николов оваа сезона во романскиот шампионат одигра осум меча, или 109 минути, и вклучувајќи два настапи во Купот. Вкупно за Стеауа одигра само 274 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

