Македонскиот првак Вардар го доби турскиот гигант Фенербахче за ривал во плејоф колото за Лигата на Европа. Тоа е секако силен противник, но играчот за врска и македонски репрезентативец Бобан Николов вели дека тој и неговите соиграчи ќе излезат без страв да се надигруваат со ѕвездите на Фенер.
„Добивме силен противник, но не се плашиме. Ќе одиме да се надигруваме со нашиот ривал. Станува збор за екипа составена од играчи кои што играле во најсилните првенства и секогаш имаат фудбалски „ѕвезди“. Мислам дека ќе бидат два добри натпревари пред многу публика и во Скопје и во Истанбул. До сега на сите натпревари одевме со цел. Полни со отпимизам сме, веруваме сите дека можеме да го поминеме Фенербахче. Против секој тим ќе дадеме максимум, така ќе биде и на овие два натпревари“, изјави Бобан Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА