Вардар ја обезбеди шампионската титула, но сака да продолжи во победнички ритам до крајот на сезоната, најавува репрезентгативецот Бобан Николов. „Црвено-црните“ в недела ги очекува градското дерби со Работнички, а Николов посакува триумф на својот тим.
„И покрај тоа што ја имаме обезбедено титулата и првото место, сепак, посакуваме што повеќе победи во оваа сезона, и во финишот на оваа сезона одиме победнички се до крајот на шампионатот. Во градското дерби сакаме да бидеме победници, и затоа ќе одиме на трите бода. Немам ништо против кога повторно би бил јас стрелец, но најважно ќе биде да победи Вардар. Треба сите да дадеме максимум за да дојдеме до посакуваниот резултат“, изјави Николов за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА