Николов откри зошто го одбрал Лече: Пандев ми кажа прекрасни работи, па го одбрав пред Бреша

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов по промоцијата во дресот на италијанскиот Лече, откри зошто се одлучил да ја прифати понудата од клубот селејќи се од унгарски Мол Фехервар.

Николов имал понуда за трансфер и во Бреша, но се одлучил за Лече само поради зборовите на Горан Пандев.

„Среќен сум што сум тука. Бев пресреќен кога слушнав дека Лече е заинтересиран за мене. Капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев ми кажа прекрасни работи за Лече па знаев дека ова за мене е одлична прилика. Имав понуда и од Бреша, но се одлучив за Лече. Искрено се надевам дека ќе помогнам тимот да ги оствари своите амбиции за пласман во Серија А“ – вели Николов.

Се вчитува...