Екипата на Вардар ги продолжува подготовките во својот тренинг камп во Хиподром, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Во последните денови од престојот во Турција, „црвено-црните“ го ангажираа и Бобан Николов на патот кон титулата, и кон одбрана на трофејот во Купот.
Николов истакна дека се чувствува прекрасно што се враќа повторно во Вардар, и дека секогаш сакал да се врати во редовите на „црвено-црните“. Очекува пролетна офанзива по двата трофеи.
„Чувството е прекрасно пак да се биде во Вардар. Условите се одлични за работа и драго ми е што се враќам. Се враќам со една цел, сите ја знаеме, тоа е двојната круна. Се надевам дека ќе ја усполниме, најважно е да сме сите здрави и да одиме чекор по чекор. Во минатото ме поврзуваа повеќе пати со Вардар и со мое враќање. Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но некогаш околностите и клубовите не ми дозволуваа. Било пишано сега да се вратам, се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри. Се наоѓаме на првото место на табелата, но тоа не смее да не залажува. Лигата е квалитетна, мора да сме максимални и сериозни на секој меч, исто како да играме од нула бодови. Имаме еден поен плус од Струга, шест од Шкендија. Не смееме од сега да размислуваме на титулата, затоа што ќе биде тешко на секој натпревар. Но, мора да ја паметиме и нашата цел и да играме со таков пристап на сите натпревари, а тоа е Вардар да биде шампион на Македонија повторно“, изјави Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

