Македонскиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Вардар, Бобан Николов, е ново засилување на Видеотон. Унгарскиот клуб вечерва и официјално го претстави новиот играч за врска, кој мина две и пол години во дресот на македонскиот првак, а претходно имаше интернационално искуство и во Романија.
„Среќен сум што потпишав договор со Видеотон. Дојдов тука за да освојувам трофеи и се надевам дека ќе дадам полн придонес во наредниот период во новиот дрес. Благодарност и до мојот досегашен клуб Вардар, со кој имав многу убави мигови и исто така освојувавме титули, а изминатава есен игравме и во групната фаза од Лигата на Европа. Сега за мене доаѓа време на нови предизици и ќе се потрудам максимално да ги оправдам очекувањата“, изјави Бобан Николов при презентацијата во Видеотон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА