Николов револтиран: Одложете го баражот, ваков меч не се игра без публика

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со голема доза на револт ја прими веста дека претстојниот бараж дуел со Косово ќе мора да биде одигран пред празни трибини.

Во ситуација кога Македонија игра за историски пласман на едно европско првенство, интернационалецот од Унгарија преку својот инстаграм-профил порача дека на репрезентативците ќе им биде неопходна помош од навивачите.

„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!

Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот.

Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати. Спортски поздрав ! ??????????#едензаситеситезаеден

ФФМ веќе побара од УЕФА натпреварот да биде одложен, а се очекува во следните денови со официјално соопштение да се јави и европската куќа на фудбалот.

 

View this post on Instagram

 

Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”! Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот. Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати. Спортски поздрав ! ??????????#едензаситеситезаеден

A post shared by Nikolov Boban (@nikolovboban) on

Се вчитува...