Кристијан Николов летово повторно ги смени клупските бои и потпиша за турскиот второлигаш Пицабулс Џеди Осман, а на македонскиот плејмејкер не му требаше многу време за да се наметне како еден од лидерите во новата средина.
Тој синоќа дебитираше во тимот на Пицабулс, давајќи значаен придонес во триумфот над Бордо Бандирма од 78-71.
Николов беше втор стрелец на својот тим со 14 поени, од нив четири погодени тројки од седум обиди. Македонецот мина 32 минути н теренот, период во кој оствари и три асистенции и два скока.
Тимот на Пицабулс, чиј сопственик е легендарниот турски кошаркар Џеди Осман, е еден од кандидатите за влез во елитното турско кошаркарско друштво, а Николов ќе биде еден од главните адути во таа борба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА