Македонскиот фудбалски интернационалец Бобан Николов игра во одлична форма во дресот на Видеотон, откако во зимскиот преоден рок го засили унгарскиот клуб заминувајќи од Вардар. Тој беше стрелец на погодок во денешниот триумф (3-0) на Видеотон над Халадаш во шампионатот.
Николов беше стрелец на водечкиот гол за својот тим, а потоа во листата на стрелците се запишаа Лоик Него и Мате Паткаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА