Сега и којзнае кога…Ваква шанса не смее да се пропушти. Вардар е на чекор до најголемиот успех на меѓународен план, да обезбеди европска есен и да игра во групна фаза од едно европско натпреварување. Елиминација на данскиот првак Копенхаген значи и пласман во плејоф колото пред групите во Лигата на шампионите, но и веќе сигурна есен како учесник во групите од Лигата на Европа.
Вардарци се максимално фокусирани на вечерашната голема битка, имаат предност од 1-0 од првиот меч во Скопје, но најавуваат отворена игра и офанзивен пристап и на реваншот во Данска.
„Треба да излеземе на теренот одважно, самоуверени дека можеме да го елиминираме Копенхаген, и да одиграме на нивото од првиот меч во Скопје. Треба уште еднаш да покажеме како се игра за боите на Вардар, имаме можност да испишеме клупска историја, но и да направиме фудбалски успех на кој цела Македонија ќе се радува. Можеме да ветиме дека ќе дадеме се од себе и дека ќе се бориме до последната минута“, изјави Бобан Николов, еден од адутите на тренерот Гоце Седлоски на средината на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА