Кристијан Николов го одигра најдобриот меч во репрезентативниот дрес, постигна 18 поени и беше најдобар стрелец на Македонија, што сепак беше недоволно да се стигне до изненадување против Литванија.
Според одличниот плејмејкер, судискиот критериум и дозволената агресивна одбрана на гостите беа еден од клучните фактори за текот на натпреварот.
„Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме се што можевме, верувам декаќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подоба резултат на гостувањето во Литванија. Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчитемногу ми помогнаа… Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно“, изјави Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА