Вардар, по репрезентативната пауза, во недела го очекува продолжението од македонскиот шампионат во желба за нови позитивни резултати кои ќе го издвојат од дното на првенствената табела.
По триумфот над Шкупи, „вардарци“ сега веруваат во нов позитивен резултат и на гостувањето против Воска спорт во Охрид, кој триумфираше на првата меѓусебна средба сезонава во Скопје.
„Победата против екипата на Шкупи е многу значајна за нас. Секако сум многу среќен и поради постигнатиот гол, но сепак најважно е дека победивме. Добро ни дојде и репрезентативната пауза. Одлично работиме на тренинзите, исто така имаме и одлични услови за работа“ – вели Кристијан Николовски, и дополнува:
„Во недела играме важен натпревар против екипата на Воска. Затоа ги повикувам сите наши навивачи, да дојдат во Охрид, заедно да се радуваме на нова победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА