Кире Николовски од денеска е нов кошаркар на Работнички, со што се реализираа најавите на ЕКИПА дека најтрофејниот македонски клуб ќе почне да „пазари“ од Карпош соколи по големата финансиска криза и егзодусот на кошаркари од редовите на вицешампионот.
Марин Докузовски беше во потрага по играч што би ја засилил конкуренцијата на центарската позиција, а разговорите со Николовски вродија со плод, па поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје и на Фени индустри потпиша договор со важност до крајот на оваа сезона.
„Потпишав договор со Работнички и со нетрпение го очекувам стартот на новата авантура. Целта е освојување на титула, тоа е и една од главните причини поради кои потпишав, сакам да се закитам со нов трофеј“ – изјави за Николовски за ЕКИПА.
Македонскиот репрезентативец ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на обврските кон националниот тим, а своето деби за Работнички на почетокот на декември ќе го има на вечното дерби со МЗТ Скопје, клуб со кој Николовски веќе освои две шампионски титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА