Фудбалерите на Работнички ќе му гостуваат на актулениот шампион Струга Трим Лум утре во дерби натпреварот од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот на „романтичарите“, Теодор Николовски пред мечот вели дека неговиот тим го очекува тежок меч против шампионот.
„Не очекува нов голем предизвик, гостување кај шампионот Струга Трим Лум. Тие имаат одличен тим и заслужуваат респект, но и ние со голема самодоверба патуваме во Струга. Ќе биде тоа еден тежок натпревар и сигурно дека ќе одлучуваат нијанси. Ние сме подготвени за надигрување и веруваме дека и по ова коло ќе останеме лидери на табелата во Првата лига“, изјави Николовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА