Кире Николовски со 16 поени беше втор стрелец на македонскиот вицепрвак при денешниот пораз од Калев, па репрезентативецот по мечот не го криеше разочарувањето од конечниот исход на денешниот прв дуел од квалификациите за ЛШ.
„Мислам дека загубивме во последните минути. Имавме многу грешки во одбраната, но и не реализиравме одлучувачки шутеви. Сметам дека резултатот е неправеден, но има уште еден натпревар во кој ќе дадеме се од себе да го свртиме овој двомеч во наша корист“, истакна Николовски на прес-конференцијата по натпреварот.
Членот на Калев, Бојан Суботиќ вели дека Соколи не беа воопшто лесен противник, но мило му е што Естонците обезбедија значаен триумф во Скопје.
„Честитки за екипата на Карпош Соколи за фер и коректната игра. Ова беше прв сериозен меч сезонава и за нив и за нас. Знаевме дека ќе биде тешко, тие се искусен тим кој знае да игра кошарка. Драго ми е што успеавме да искористиме нивната игра која ја форсираа и си направивме комотна ситуација пред реваншот за два дена. Малку е времето за одмор, се надевам дека ќе одиграме ист меч и пред домашната публика и ќе одиме во наредната рунда“, истакна Суботиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА