Нил Робертсон во епско финале против О’Саливен до трофејот во Ријад

Нил Робертсон е шампион на Мастерс-турнирот во снукер што се одржа во Ријад, откако Австралиецот во драматично финале успеа да слави над Рони О’Саливен со 10-9 во фрејмови.

О’Саливен се врати од негатива од 2-7 и успеа да израмни на 7-7 во фрејмови. Легендата имаше и водство од 9-8, пропуштајќи шанса за конечен триумф, за Робертсон најпрвин да израмни, а потоа со 87 поени во решавачкиот фрејм да стигне до големиот трофеј, како и чек од 500.000 фунти за победникот на овој турнир.

„Чувството е подобро отколку кога станав светски шампион. Многумина се сомневаа дали можам се уште да победам легенда како Рони во едно вакво финале. Да го направам тоа на ваков начин, со толку голем влог, ова дефинитивно ми е најдобрата победа во кариерата“, изјави 43-годишниот Австралиец.

Се вчитува...