Поранешниот тренер на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, додека беше во Абердин, легендарниот Нил Ворнок, анализирајќи го финишот од сезоната во шкотската Премиерлига, вели дека Ренџерс и тоа како треба да се потпрат повеќе на македонскиот напаѓач кој и тоа како може да биде човек на одлука.
Миовски се врати на Островот по неуспешната епизода во шпанска Џирона, повторно во Шкотска каде мина две извонредни години во редовите на Абердин. Но, сега како засилување за Ренџерс во Глазгов во трката за титула со големиот ривал Селтик.
Искусниот Нил Ворнок кој беше тренер во кариерата и во англиската Премиерлига, навраќајќи се на игрите на Миовски во Абердин, во изјава за шкотските медиуми вели дека тој е еден од најдобрите со кои работел во кариерата.
„Уште по мојот прв натпревар како тренер на Абердин, забележав и изјавив дека Бојан е еден од најдобрите напаѓачи со кои сум соработувал. Едноставно, се што ќе допреше претвораше во гол. Без сомнение тој е најдобриот напаѓач што сум го тренирал“ – вели Ворнок и дополнува:
„Глазгов треба да знаат дека имаат далеку поразновиден напаѓач во однос на останатите двајца кои се во тимот. Тој е ‘ол-раунд’ во офанзивата и може да биде активен во многу ситуации и за различни позиции“.

И голем дел од шкотските медими и фудбалски аналитичари веќе активно ја потенцираат можноста на македонскиот репрезентативец да биде во повеќе улоги во тимот, и со далеку поширок поглед на офанзивната игра од актуелните соиграчи во нападот на Ренџерс.
Bojan The Best?
Anytime Bojan Miovski has had a run of games(Only started 4 in a row once) in a Rangers shirt, it has been rewarded with Goal Involvements & Wins.
Chermiti & Naderi bring a more “physical” presence and more running power but in Bojan Miovski:
> Spacial… pic.twitter.com/IeTAPZ1DhY— John Walker (@johnwalker_1986) April 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

