Ниликина го смени Партизан за Олимпијакос

Францускиот плејмејкер Франк Ниликина, кој ја помина претходната сезона во Партизан, е ново засилување на Олимпијакос. Тоа е веста што ја објави Кошаркарската федерација на Франција.

„Насока – Олимпијакос! Франк Ниликина потпиша договор со Олимпијакос и им се придружи на Еван Фурние и Мустафа Фол во Грција“, објави управното тело за француската кошарка.

Невообичаено е кошаркарската асоцијација на една земја да објави нешто такво, а Французите се надоврзаа на ентузијазмот на Фурние за нов соиграч и на веста за обештетувањето што Олимпијакос треба да му го плати на Партизан за 27-годишникот.

Минатата сезона, 193 сантиметри високиот Ниликина одигра 21 натпревар во Евролигата – со просек од 17 минути на паркетот и учинок од 6,1 поен.

Се вчитува...