Френк Ниликина најверојатно и следната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Долго време се шпекулираше каде Французинот би можел да ја продолжи кариерата, но бидејќи не најде никаков интересен ангажман, тој би требало да биде во тимот на Жељко Обрадовиќ и за следната натпреварувачка година, пренесува „Моцарт спорт“.
Ниликина беше на радарот на многу тимови од Евролигата, Монако најмногу го сакаше, но на крајот не можеа да се договорат. Во четврток, Партизан ќе го претстави дресот за новата сезона, а Ниликина треба да се појави на тој настан.
Во својата прва сезона по враќањето во Европа, Ниликина имаше просек од 6,1 поен, 1,5 скока и 1,7 асистенции за 21-от натпревар што го одигра во Евролигата.
Црно-белите досега се разделија со Балша Копривица, Брендон Дејвис и Ајзеа Мајк, додека Џабари Паркер, Дилан Осетковски и Шејк Милтон се приклучија на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

