На првиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола е поразен од норвешки Колстад со 22-31. Норвежаните покажаа дека разликата во класи, сепак, е голема и дека во моментов тие се поквалитетни од македонскиот првак, кој не можеше, ниту му беше дозволено да парира, и да ја загрози победата на противникот.
Помошникот тренер на Норвежаните, Стјен Гомо Нилсен по мечот изјави дека е задоволен од победата, но и од одличната атмосфера во Битола.
„Им честитам на Пелистер за одличната атмосфера и одличниот меч. Одигравме добар натпревар во кој ги зацртавме целите кои ги договоривме пред мечот. Ги исконтролиравме нивните пикери и имавме добар ден на голманите. Добар натпревар за нас“. изјави Нилсен.
Слично размислува и ракометарот Сигвалд Бјорн Гудјонсон …
„Тежок натпревар, но прекрасно е да се игра пред ваква публика. Полна арена и одлична атмосфера, тоа е ракометот. Одигравме одлично во одбраната и нашите голмани беа на одлично ниво што донесе наши лесни голови во нападот“, изјави Гудјонсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА